Велика Британија има ново кралско бебе. Во Бакингемската палата е потврдена убава вест. Принцезата Јуџин (30), ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, родила син во вторникот во болницата Портланд во Лондон.
Кралицата Елизабета Втора го доби деветтиот правнук. Неговото име не е соопштено, а тој ќе биде 11. во редот за наследство на тронот.
„Нејзиното кралско височество принцезата Јуџин беше безбедно породена на 9 февруари 2021 година, во 08:55 часот во болницата Портланд. Мајката нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро“, соопшти Бакингемската палата.
Ова е првото дете на принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк, прво внуче на војводата од Јорк и деветто правнуче за кралицата и војводата од Единбург. Тие се венчаа во 2018 година.
View this post on Instagram