КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ДО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ Постигнете државнички дух

461

Британската кралица Елизабета Втора ги повика светските лидери на климатскиот самит COP26 да постигнат вистински државнички дух и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата.

Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција.






Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот.

Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и на другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина.

Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи.

Поврзани содржини