Кралицата Елизабета денеска полни 94 години: Нема пасош, фан е на Арсенал и пие шампањско пред спиење

1,593

Ова е првпат во 68 години од нејзиното владеење, кралицата да уапти такво барање, додал тој, наведувајќи дека роденденот на кралицата нема да се одбележи на некој посебен начин оваа година.

Иако таа е најдолготрајна британска владетелка, постојат некои работи што британската јавност не ги знае за неа.






Кралицата ретко дава интервјуа, оставајќи им на луѓето мал увид во нејзиниот живот.

Родена е со царски рез и е висока само 162 сантиметри. Никогаш не одела на училиште, а „тежи“ околу 500 милиони фунти. Дури 14 премиери се смениле за време на нејзиното владеење. Деветмина веќе не се живи…

Еве некои од најинтересните факти за нејзиниот живот:

1. Кралицата е прикажана во приближно 100 филмови и ТВ-емисии

Според податоците на сајтот IMDB, кралицата глумците ја претставиле на екранот 100 пати, а меѓу нив се забележани портрети како што е серијата на „Нетфликс“ „Круна“, но и кога ја играла Хелен Мирен во филмот „Кралицата“, за што доби и Оскар.

2. Пие една чаша шампањско секоја вечер пред спиење

Според роднината на кралицата, Маргарет Родос, Елизабета Втора пие џин пред ручек и чаша вино со оброк, потоа суво мартини и чаша шампањско на спиење.

3. Кралицата нема пасош

За разлика од остатокот на светот, на кралицата не ѝ треба пасош за патување.

– Бидејќи британскиот пасош е издаден на името на Нејзиното Височество, нема потреба кралицата да го поседува – пишува на веб-страницата на кралското семејство и се додава дека сите други членови на кралското семејство, вклучително и војводата од Единбург и принцот од Велс, имаат пасоши.

4. Има два родендени

Кралицата е родена на 21 април 1926 година, но нејзиниот „официјален“ роденден се слави во јуни на парадата, која е традиција од 1748 година.

5. Видела како на власт дошле 13 различни премиери на Велика Британија

Од Винстон Черчил до Борис Џонсон, кралицата сите ги дочекала и испратила.

6. Навива за Арсенал

Џереми Корбин во говорот во 2016 година рекол дека кралицата е фан на Арсенал, а истото го потврдил и поранешниот играч Сес Фабрегас, кој рекол дека кралицата му кажала дека е нивна обожавателка за време на приемот во Бакингемската палата во 2007 година.

7. Течно зборува француски јазик

Кралицата е монарх кој најмногу патувал во историјата, и одржала неколку говори на француски јазик за време на нејзините посети на таа земја, покажувајќи дека одлично го зборува.

8. Секоја година угостува повеќе од 50.000 луѓе во Бакингемската палата

Благодарение на успешниот социјален календар, кралицата е навистина домаќинка која пречекува илјадници луѓе во палатата на разни ручеци, вечери, банкети и забави во градината.

9. Во брак е повеќе од 70 години

Во 2017 година, кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип славеа 70 години брак. Се венчале на 20 ноември 1946 година.

 

 

Поврзани содржини