„Кралевите“ со 40 милиони евра тргнуваат по Барди

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но засега немаат испратено официјална понуда.

1,878

„Кралскиот клуб“ со 40 милиони евра сака да го купи македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Според информациите кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров, раководството на Реал Мадрид е подготвено на Леванте да му понуди 40 милиони евра за Барди, притоа тој да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ веќе во летниот преоден рок.






Откако Македонија направи вистинска сензација во Дуисбург, совладувајќи ја големата Германија и одличното издание на Енис Барди, кој беше асистент на првиот гол на Горан Пандев, раководството на „кралевите“ донело дефинитивна одлука за купување на играчот од средниот ред.

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но засега немаат испратено официјална понуда. Англиските медиуми потенцираа дека двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман.

Сепак, Реал Мадрид е сега многу поконкретен и нуди одлични 40 милиони евра, но останува да видиме каде во текот на летото ќе замине Барди.

Поврзани содржини