📽️ „КРАЛЕВИТЕ“ ОД КОНЦЕРТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ ЗАРАБОТИЈА НЕВЕРОЈАТНИ 9 МИЛИОНИ ЕВРА! Инвестицијата во реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ полека се враќа

Инаку за концертот на американската ѕвезда биле продадени неверојатни 120.000 билети за овој спектакл во Мадрид.

288

Култрниот мадридски стадион „Сантијаго Бернабеу“ неодамна имаше огромна трнсформација која чинеше повеќе од една милијарда евра со што стана најдобриот стадион во Европа.

И дефинитивно Реал Мадрид е вистинска фабрика за пари. Дон Флорентино Перез е вистинско чудо, вистински генијалец.






Да, можеби новиот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше милијарда евра, но таа инвестиција полека и секојдневно се исплаќа. Ова е најновиот пример.

Имено од концертот на мега – ѕвездата Тејлор Свифт, кој се одржа на ултра модерниот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал Мадрид заработи 9 милиони евра.

Американската суперѕвезда ни покажа како изгледа Бернабеу во својата концертна верзија, а пејачката направи вистински спектакл на стадионот во Мадрид.

 

На интернет кружат бројни фотографии и видеа од концертот, кои се навистина импресивни.

Инаку за концертот биле продадени неверојатни 120.000 билети за овој спектакл во Мадрид.

 

Поврзани содржини