„Кралевите“ го претставија Алаба, ќе ја носи „четворката“ на Рамос
Порталот Трансфермаркт го проценува дефанзивецот на 55 милиони евра. Договорот на играчот со Реал Мадрид е на пет години.
Реал Мадрид денес го претстави дефанзивецот Давид Алаба како нов играч на тимот. Трансферот на австрискиот фудбалер беше објавен на 28 мај.
– Има нов член во групата, стои во пораката под видеото на Алаба на Твитер.
Минатата сезона, Алаба играше за Баерн Минхен. Во германското првенство одигра 32 натпревари, постигна два гола и направи три асистенции.
Порталот Трансфермаркт го проценува дефанзивецот на 55 милиони евра. Договорот на играчот со Реал Мадрид е на пет години.