КРАЛ НА ГЛУПАВИТЕ ПОДАРОЦИ Нема да верувате што принцот Вилијам ѝ купил на Кејт за роденден!

Гостувјќи во една емисија, принцот Вилијам призна дека не е одличен во изборот на подароци за своите најблиски.

2,518

Ако некогаш сте подариле некому подарок и веднаш сте се запрашале зошто воопшто сте го купиле, не дозволувајте чувството на срам да ве обзема предолго – веројатно сте биле поимагинативни од принцот Вилијам, пишува „Глоси“.

Кејт Мидлтон пред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден, а сѐ уште не се знае со што ја израдувал нејзиниот сопруг на овој важен ден. Сепак, еден подарок што идниот крал на Велика Британија ѝ го подготвил на својата сакана бил толку бесмислен така што тој не можел да остане тајна…






Кога во 2020 година гостуваше во подкастот на поранешниот британски фудбалер Питер Крауч, принцот Вилијам призна дека не е одличен во изборот на подароци за своите најблиски.

Имено, Питер изјавил дека случајно три години по ред ѝ купувал ист подарок на сопругата Аби Кленси, а на прашањето дали Вилијам може да го надмине во категоријата најлоши подароци, војводата од Кембриџ рекол:

– Веројатно можам. Еднаш ѝ купив двоглед на својата сопруга.

Тој открил дека тоа се случило на почетокот на врската и се пошегува дека тоа му помогнало да ја заведе. Запрашан што мислиле Кејт Мидлтон за подарокот и како таа реагирала, Вилијам раскажал:

„Таа ме погледна и беше збунета: „Тоа е двоглед… Што се случува?“… Не помина добро. Немам поим зошто ѝ купив двоглед.“

Како што пишуваат британските медиуми, војвотката од Кембриџ не дозволува нејзиниот сопруг да го заборави тој непријатен момент во нивната врска кога застанал пред неа со двоглед во рацете, но во подоцнежните години се „извлегол“ со подарување скапоцен накит.

 

Поврзани содржини