📷 КРАХ НА ЉУБОВТА СО ЗОИ КРАВИЦ Актерот ја раскина свршувачката, па четири месеци подоцна се појави 19 години помлада девојка
Нивното раскинување во октомври 2024 година ги шокираше обожавателите, особено затоа што изгледаа како еден од најхармоничните парови во индустријата.
Холивудскиот актер Ченинг Тејтум и актерката Зои Кравиц ставија крај на својата љубовна приказна по три години врска и веридба.
Нивното раскинување во октомври 2024 година ги шокираше обожавателите, особено затоа што изгледаа како еден од најхармоничните парови во индустријата.
Сепак, се чини дека Тејтум брзо продолжи – само неколку месеци по раскинувањето, тој беше виден во јавноста со новата девојка, атрактивната австралиска манекенка Инка Вилијамс.
Ченинг и Инка првпат беа поврзани на почетокот на јануари оваа година, но дури неодамна ја потврдија својата романса. Познатата двојка беше забележана на ексклузивната забава пред Оскарите во Лос Анџелес за време на викендот, каде заедно го напуштија луксузното место „The Living Room“. Очевидци велат дека изгледале среќно и опуштено, а по излегувањето од клубот заедно се упатиле во истиот автомобил.
Според извори блиски до парот, Тејтум е многу среќен со својата нова девојка, додека Вилијамс остава впечаток на зрела и независна млада жена.
„Таа има свој живот, млада е, но изгледа многу постара и посериозна отколку што може да се очекува“, изјави надворешен извор за магазинот „Пипл“.
Која е Инка Вилијамс?
Инка Вилијамс е 24-годишна манекенка родена во Австралија, но израсната на егзотичното Бали. Нејзината кариера во модниот свет започна многу рано, а работеше за престижни модни брендови и се појавуваше на насловните страници на познати списанија.
Нејзината егзотична убавина и харизма брзо ја издвои во светот на модата, а сега се чини дека го освои срцето на еден од најпосакуваните актери во Холивуд.
Дека меѓу нив постои сериозна врска говори и тоа што пред неколку недели Инка на својот Инстаграм профил сподели фотографии од локација која неодоливо наликува на комбето на Тејтум, што дополнително ги подгреа гласините за нивната врска.
View this post on Instagram
Тејтум и Кравиц се уште се поврзани?
Иако раскинаа, Ченинг и Зои наскоро повторно ќе се сретнат, на деловен план. Имено, двајцата ќе работат заедно на новиот филмски проект „Алфа Ганг“, кој би можел да донесе дополнителна тензија меѓу поранешните партнери. Сепак, извори блиски до парот тврдат дека двајцата раскинале во добри односи и ќе продолжат да работат заедно професионално без никакви проблеми.
За раскинувањето неодамна проговори и Зои Кравиц, нагласувајќи дека сè уште има убави чувства кон Ченинг.
– Се уште се грижам за него. Многу сум горда на проектот што го работевме заедно и благодарна сум за се што поминавме заедно – изјави Зои во едно интервју.
Покрај уживањето во новата љубов, Тејтум се врати во Лос Анџелес по завршувањето на снимањето во Северна Каролина. Тој посветува време и на својата 11-годишна ќерка Еверли, која ја има од бракот со поранешната сопруга Џена Диван.
Како што се вжештува приказната за новата љубов на Ченинг Тејтум, останува да се види како ќе се развива неговиот однос со Инка Вилијамс, но и како ќе се одвива неговото обединување со поранешната свршеница на снимањето на нивниот нов филм. Дали Холивуд е подготвен за овој љубовен триаголник?
View this post on Instagram