КРАХ НА ЉУБОВТА Раскина омилениот пар кој сними еден од најголемите хитови во светот! (ФОТО)
Славните пејачи решија да стават крај на љубовната врска.
Камила Кабељо и Шон Мендес ја започнаа својата врска во 2019 година, а сега на љубовта ѝ дојде крајот.
Познатиот пар веста ја соопшти со истата објава на социјалните мрежи.
Како што истакнаа, порано биле најдобри пријатели, а тоа планираат и да останат.
„Ви благодариме што нѐ поддржувавте, од почеток па наваму“, заклучија тие.
– Иако сепак ќе бидат пријатели, многу сум тажна што раскинаа, беа прекрасни заедно – напиша една обожавателка, додека многумина по ваквата „ладна“ објава, како што ја толкуваат, мислат дека целата врска била наводно лажна.
View this post on Instagram
Да се потсетиме, Камила и Шон ја снимија песната „Сењорита“ во 2019 година, која убедливо ги освои сите музички листи.
Денес, споменатиот хит има околу 1,3 милијарди прегледи на Јутјуб. За „Сењорита“ овој пар освои и награда „Греми“, а тоа лето потврдија дека се во врска.
За време на пандемијата, тие поминаа време заедно во карантин, а Шон тогаш изјави дека тоа ги зближило уште повеќе.
ФОТО: Инстаграм