КРАДЕЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИ КАБЛИ ВО ЕСМ- ЕНЕРГЕТИКА И МАКСТИЛ Обвинителството поднесе обвинение за 3 лица

Штетата што ја направиле на ЕСМ – Електрани подружница Скопје и Макстил е во вкупна вредност од околу 440.000 евра.

451

Обвинителство денеска поднесе обвинение против три лица кои како соизвршители ја извршиле кражбата во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје  во март годинава.

Обвинетите, заедно и со други лица кои уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава, од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, односно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани – Подружница енергетика Скопје и Макстил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440.000 евра.






Според соопштението, тие во повеќе наврати, преку отвори со скалила кои водат во подземните тунели, обвинетите влегувале од погонот на „Полуконти –ИГМ“ и откако со апарат се уверувале дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ со кој била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации за чие санирање биле потребни повеќе од 100.000 евра, а не се реализирало и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корисници на електрична енергија за период на санација на дефектите во вредност околу 60 илјади евра.

Потоа на 6 мај, сите тројца обвинети заедно, со возило „фолксваген голф“ дошле до објектот и ги подготвувале каблите за транспорт. Но, при удар со кабел едниот осомничен бил повреден и тројцата отишле најпрво на Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош. Потоа сите тројца се вратиле во објектот, ги зеле алатите кои ги оставиле и се обиделе да го напуштат местото, но биле затекнати и лишени од слобода веднаш по излезот од кругот на „Железара“.

Јавниот обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за сите тројца обвинети, бидејќи постојат опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото како основи поради кои таа мерка беше првично побарана и определена.

Поврзани содржини