Фатени се крадци на столб за електрично осветлување откако ги пријавиле граѓаните, вчера во Чаир, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„На улицата Цветан Димов во Чаир вчера беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.