КРАДЕЛ ОД ЉУБОВНИЦАТА Американски војник затворен во Русија ја призна вината

Американскиот војник Гордон Блек е приведен на 2 мај во рускиот град Владивосток под сомнение дека крадел од жена во Русија со која бил во интимна врска.

343

Американскиот војник Гордон Блек, кој е во притвор во Русија, се изјасни за виновен за кражба и соработува со истрагата, соопшти неименуван претставник на руското Министерство за внатрешни работи.

Блек е приведен на 2 мај од полицијата во рускиот град Владивосток. Американецот е приведен под сомнение дека крадел од жена во Русија со која бил во интимна врска.






Судот на Блек му одреди притвор до 2 јули.

САД ги предупредуваат своите граѓани да не патуваат во Русија поради повеќе причини, а една од нив е потенцијалното вознемирување и ризикот од притвор во комбинација со произволно спроведување на законот од страна на руските власти.

Поврзани содржини