КРАДЕЦ ВЛЕГОЛ ВО СТАН, СОПСТВЕНИЧКАТА ГО ЗАТЕКНАЛА, ТОЈ ЈА ТУРНАЛ Драма на Бит-пазар, полицијата го бара дрскиот разбојник
Откако пријавителката го затекнала, тој ја турнал и побегнал, соопшти денеска полицијата.
Крадец влегол во стан на Бит-пазар, а сопственичката го затекнала додека крадел накит.
„На 29.10.2025 година во 22.50 часот во СВР Скопје 48-годишна жена од скопско пријави дека на 25.10.2025 година околу 19.00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата, по што ѝ одзело личен накит. Откако пријавителката го затекнала, тој ја турнал и побегнал“, соопшти денеска полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.