Крадец се судрил со баба, но не знаел дека е мајстор за боречки вештини (ВИДЕО)
Иако е висока само 150 сантиметри и тежи 45 килограми, Лоренца лесно го совладала крадецот кој ја нападнал нејзината сосетка.
Крадец кој упаднал во станот на 81-годишната Елизабет МекКреј во надеж за лесен плен, брзо на болен начин дознал дека донел погрешна одлука.
На старицата и помогнала 67-годишната Лоренца Марухо, која тренира боречки вештини веќе 26 години и има црн појас во џиу-џитсу. Иако е висока само 150 сантиметри и тежи 45 килограми, Лоренца лесно го совладала крадецот кој ја нападнал нејзината сосетка.
Лоренца за американската „CBS“ изјавила дека слушнала врескање кај сосетката каде влегол крадецот во станот, кој зграпчил и ја тресел, а таа паднала на подот. Таа ја земала бејзбол палката и притрчала да помогне.
– Јас застанав меѓу нив двајца, скокнав врз него и почнав да го удирам. Тој стана и сакаше да ми ја искриви раката, но наместо тоа, јас ја извртев неговата. Тој почна да вика дека го повредувам, и му реков дека не ми е гајле што тоа му се случува, затоа што нема право да ја напаѓа старицата – рече Луиза.
Од нејзините боречки вештини беше шокираа и сосетката кој ја бранеше.
– Не очекував дека таа мала жена е толку храбра. И реков да внимава бидејќи може да нè убие, а таа одговори: „Не вечерва“ – рече Елизабет.
Старицата по нападот била примена во болница, но таа била ослободена следниот ден.
Напаѓачот Доналд Роберт Прествуд (59) е уапсен под сомнение за напад на постаро лице и му е дадена кауција од 150.000 американски долари.