КРАДЕЦ ОПЕРИРАЛ ВО ПРАЗНИ ВИКЕНДИЧКИ ВО ДОЈРАН За пет месеци собрал над 36.000 евра

455

Едно лице, осомничено за продолжено кривично дело Тешка кражба, од мај 2021 до 19 септември 2023 година, од празни викендички, на различни локации во Стар Дојран и Нов Дојран, украл вредни предмети, мебел и апарати.

Меѓу ограбените се и објекти на две правни лица, од каде биле одземени целосно системите за видео надзор-камери и рисивери, телевизори, клима уреди и друга опрема.






Осомничениот влегувал во објектите со провалување или кршење и прибавил за себе противправна имотна корист во вкупна вредност од 2.254.350 денари.

Одлучувајќи по предлог на Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор.

Поврзани содржини