КРАДЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ СО ПРАЗНИ РАЦЕ Во Скопје се инсталираат системи за заклучување на шахтите и сливниците
Како за илустрација во текот на минатата 2021 беа украдени 187 решетки на сливници и 163 капаци на шахти, за чија замена ЈП Водовод и канализација – Скопје оддели 4.963.083, 00 денари, а од почетокот на 2022, односно од 9 до 19.01.2022 на две улици, Среќко Пужалка и Финска беа отуѓени 32 решетки на сливници за чија замена беа потрошени 477.376 денари.
ЈП Водовод и канализација – Скопје започна со реализација на најавениот проект за инсталација на системи за заклучување на шахти и решетки на сливници, проект кој беше најавен како превенција од кражби на истите.
Реализацијата на овој проект се однесува на инсталација на 800 системи за заклучување на решетки на сливници и 800 на капаци за шахти. Нивната инсталација ќе се спроведе во текот на периодот кој следува, на целата територија на град Скопје. Доколку овој пилот-проект се покаже како функционално решение на долгогодишниот проблем со кражбите, ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе пристапи кон набавка на поголем број на вакви системи и нивна инсталација.
– Кражбите на капаците на шахтите и решетките на сливници се појава со која ЈП Водовод и канализација – Скопје се соочува во одредени периоди, појава чии последици од штетите кои се нанесуваат, не се проблем само на претпријатието, туку и на сите граѓани на Скопје – велат од претпријатието.
Како за илустрација во текот на минатата 2021 беа украдени 187 решетки на сливници и 163 капаци на шахти, за чија замена ЈП Водовод и канализација – Скопје оддели 4.963.083, 00 денари, а од почетокот на 2022, односно од 9 до 19.01.2022 на две улици, Среќко Пужалка и Финска беа отуѓени 32 решетки на сливници за чија замена беа потрошени 477.376 денари.
Реализацијата на овој проект е само една од активностите кои ЈП Водовод и канализација – Скопје ги презема за превенција на кражбите на капаците на шахтите и решетките на сливниците, со што се делува во насока на сопствена заштита, но и во насока на заштита на граѓаните на град Скопје и зголемување на безбедноста во сообраќајот.