КРАДЦИ ВЛЕГЛЕ ВО ЗАМОКОТ ВИНДЗОР ДОДЕКА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ СПИЕЛЕ Маскираните лица ја пробиле капијата со украден камион
Двете лица избегале со автомобил „пикап“ и квад велосипед кои биле во шталата.
Маскирани крадци упаднале во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом во близина, објави вчера британски Сан.
Крадците користеле украден камион за да ја пробијат безбедносната капија на кралскиот имот. Според некои извори, тие најверојатно некое време го набљудувале замокот Виндзор.
– Крадците знаеле дека возилата се сместени таму и знаеле кога е најдобро време да дојдат и да избегаат без да бидат фатени – изјавил извор за „Сан“.
Двете лица избегале со автомобил „пикап“ и квад велосипед кои биле во шталата.
Се верува дека принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните три деца биле во замокот Аделаида, кој е оддалечен само пет минути пеш од местото каде што влегле крадците.
„Сан“ претходно објави дека вооружените полицајци биле отстранети од двата главни влеза во замокот Виндзор, иако се претпоставува дека тие сè уште патролираат околу имотот.