Крадци го обиле станот на Северина, украден е накит

Извори блиски на пејачката потврдиле за медиумите дека во станот влегле непознати луѓе, ја врзале помошничката а набрзо потоа избегале во непознат правец.

496

Во станот на пејачката Северина Којиќ во Загреб влегле крадци, дознаваат хрватски медиуми.

Извори блиски на пејачката потврдиле за медиумите дека во станот влегле непознати луѓе, ја врзале помошничката а набрзо потоа избегале во непознат правец.






Иако изминативе денови Северина објавува фотографии од Малдивите, таа сега е во Хрватска, а во моментот на кражбата не била во станот.

Пред зградата каде живее Северина вечерва има неколку полициски возила, за да утврдат со која цел крадците воопшто провалиле и дали со себе зеле вредни работи.

-Денеска во претпладневните часови во станот, во сопственост на жена (49)извршено е разбојништво врз женско лице на возраст од 65 години од страна на двајца непознати сторители со употреба на физичка сила. Украден е накит, а материјалната штета сè уште се утврдува. Нема повредени лица – изјавила загрепската полиција, а пренесуваат хрватски медиуми.

Поврзани содржини