КРАДАТ РАКИЈА, ДРВА ЗА ОГРЕВ, ЗЛАТО, ПА И ПОКУЌНИНА Жителите на штипската улица Солунска маки мачат со крадците

Драги Павловски, жител на улицата „Солунска“ вели дека и покрај тоа што имаат преземено низа на мерки за заштита на нивните домови, сепак крадците влегуваат во нивните домови и крадат од дрва за огрев, потоа ракија, злато, покуќнина, а пред неколку дена однеле и влезна врата. 

533

Околу 200 домаќинства на штипската улица Солунска живеат како во кафез, во секој двор имаат куче чувар, а дворовите им се оградени со железни огради и мрежа. Тие се постојано мета на крадци и тоа и дење и ноќе.

Денеска реагираа и бараа решение од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.






Драги Павловски, жител на улицата „Солунска“ вели дека и покрај тоа што имаат преземено низа на мерки за заштита на нивните домови, сепак крадците влегуваат во нивните домови и крадат од дрва за огрев, потоа ракија, злато, покуќнина, а пред неколку дена однеле и влезна врата.

– На сред пладне, околу 17 часот. Дошле ја извадиле вратата и ја однеле – вели Павловски.

Трајче Наумов, пак вели дека крадците му ја однеле штотуку сварената ракија.

– Само што си ја сварив ракијата, околу 60 литра ракија целата ми ја зедоа, па и акумулаторот. На камерата се гледа кој е. Пријавивме во полиција, ми рекоа ништо не можат да направат – вели Наумов.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов предлага полициски службеници да патролираат на 24-часовен пункт, за кривичните дела да се пријавуваат побргу, а со тоа и надлежните полесно да интервенираат.

– Во оваа прилика сакам да апелирам до СВР Штип, до началникот, да излезат на терен, да поразговараат со граѓаните, да ги слушнат нивните секојдневни проблеми, крикот и гласот на народот, затоа што ова се провлекува со години наназад. Тие се небезбедни. Она што можевме да го констатираме е дека тие даваат предлог да има 24-часовен пункт во непосредна близина за да може побрзо да се интервенира, побрзо да се пријавува и на тој начин да се намалат овие последици и оваа тенденција на ограбување и на небезбедност којашто се случува во неколку населени места во нашиот град – вели Јорданов.

Тој посочува дека досега неколкупати го свикувал  Советот за безбедност на Општина Штип. Досега се останало само на разговари и констатирање на проблемите, но не и нивно решавање.

Поврзани содржини