КРАЈОТ НА КОРОНАТА ЌЕ БИДЕ НА КРАЈОТ НА АПРИЛ? Даниловски со оптимистички вести за пандемијата (ВИДЕО)
Според Даниловски, омикрон-сојот сака брзо да се шири, но не и да ги убива своите домаќини, што дава надеж дека епидемијата може да заврши до крајот на април, а потоа да се вакцинираат само ранливите групи на луѓе.
Епидемиологот Драган Даниловски за ТВ Сител рече дека според него пандемијата би завршила на крајот на април.
– Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи – кажа епидемиологот Даниловски.