КРАЈ НА ЗАБАВАТА ВО ЗАБАВНИОТ ПАРК КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Ноќеска влегла полиција и куп инспектори

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања, објави првиот човек во МВР, Панче Тошковски.

1,516

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, поради непоседување соодветни документи и потребни дозволи се затвораат поставените реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања. Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, истакна Тошковски.






Поврзани содржини