Владата вечерва донесе повеќе одлуки и уредби, меѓу кои не и таа за продолжување на вонредната состојба, која завршува на полноќ.
Согласно уредбата на Владата, која е на сила, изборите треба да се одржат 22 дена по крајот на вонредната состојба, а тој датум е 5 јули.
Според предвидениот рок, кампањата треба да почне на 16 јуни.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува изборите да се одржат на 5 јули.