КРАЈ НА УЖАСОТ НА ЖИЧНИЦАТА ВО ДУРМИТОР Германецот загинал по падот, тројца чекале спас со часови
Мажот, Германец, починал на самото место, додека неговата сопатничка се здобила со тешки повреди на ногата и веднаш била пренесена во болница. Тројца други патници останале заробени во следната корпа. Спасувачите со часови се бореле со студот и теренот за да бидат успешно спасени дури по 17 часот.
Трагедија во скијачкиот центар во Дурмитор во Црна Гора го потресе регионот. Во саботата околу 13 часот еден од вагоните жичницата почналa да се лизга наназад по стрмен дел од трасата и силно удрил во другата корпа зад него.
Според порталот Vijesti.me, во моментот во корпата имало двајца германски туристи. По силниот удар, тие паднале од висина. Мажот починал на самото место, додека неговата сопатничка се здобила со тешки повреди на ногата и веднаш била пренесена во болница.
Тројца други патници останале заробени во следната корпа. Спасувачите со часови се бореле со студот и теренот за да бидат успешно спасени дури по 17 часот. Биле извлечени неповредени.
Жичницата, според неофицијлани информации, е стара повеќе од 35 години и, како што пренесуваат црногорските медиуми, ѝ недостасувал еден потпорен столб, детал што веќе предизвикува критики за безбедноста и техничката исправност на инфраструктурата во планинскиот центар.
Овие детали не се потврдени од црногорските власти.
Инспектори од Министерство за туризам и безбедност на Црна Гора најавиле дека ќе ја испитаат состојбата на целиот систем и околностите што довеле до трагедијата.