Минатиот викенд, Игор Којиќ (33) бил виден пред зградата во која живее Северина Којиќ (48) во загрепскиот Козјак. Според очевидци, сопругот на пејачката ги иселил работите. Влечел куфери и костуми на закачалки. Работите ги внесувал во комбе со белградски регистрации, пишува „24сата.хр“.
ПР-тимот на Северина тврди дека работите ги селела внуката на Северина, Миа Поповиќ.
– Единственото селење што се случи викендов беше она на внуката на Северина, која (повторно) се пресели со нејзиниот сопруг во непосредното соседство на Северина, поточно спроти зградата на Северина – тврдат од ПР тимот на пејачката.
Тие додале и дека Северина „снимала неколку кампањи“ за време на викендот. Ова е вторпат Игор да е забележан пред зградата на Севе, откако таму не го виделе речиси една година. За првпат беше виден на Козјак пред неколку недели. Не е познато дали тој тогаш влегол во станот на пејачката.
Се шпекулира дека Игор ги селел работите за Белград.
Веќе цела година се шпекулира дека Игор и Северина се разделени, имајќи предвид дека таа е цело време во Хрватска, а тој во Србија.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.
ФОТО: Инстаграм