КРАЈ НА НАЈДОЛГИОТ ХОЛИВУДСКИ РАЗВОД Шварценегер слободен по 10 години
Марија документите за развод ги предаде уште во 2011 година, откако по 25 години брак дозна дека Арнолд имал вонбрачна афера и дете со нивната куќна помошничка Милдред Баен.
Славниот актер Арнолд Шварценегер по долги 10 години официјално се разведе со сопругата Марија Шривер.
Марија документите за развод ги предаде уште во 2011 година, откако по 25 години брак дозна дека Арнолд имал вонбрачна афера и дете со нивната куќна помошничка Милдред Баен.
Шварценегер го криеше синот цели 15 години, додека Милдред тврдеше дека таткото на детето е нејзиниот поранешен сопруг Рохелио.
Веста се прошири низ целиот свет, а поранешниот гувернер на Калифорнија беше главна тема на насловните страни.
Арнолд и Мариа одлучија да се разведат во тишина, но траело подолго отколку што очекувале. Иако информациите беа строго доверливи, се дозна дека главната причина била недостаток на мотивација, но и тоа што не можеле да се договорат за распределба на богатството.
Голема е веројатноста е дека парот проценетите 400 милиони долари ќе ги поделат на половина.
Поранешните сопружници се венчаа во 1986 година и имаат четири деца – Катрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Веќе одамна живеат разделено, а Шварценегер од 2012 е во врска со Хедер Милиген.
Сепак, со поранешната сопруга и со децата актерот често е забележан во јавноста, а на заедничките моменти понекогаш им се придружува и Џозеф.