КРАЈ НА ЕРАТА НА МИЛЕВСКИ Македонија добива нов селектор до 25 декември

ФФМ реши да не го продолжи договорот на Благоја Милевски, а новиот селектор ќе биде избран до крајот на декември.

0

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека нема да го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година.

Милевски ја водеше репрезентацијата повеќе од четири години, од 1 август 2021 година, предводејќи ја на вкупно 48 натпревари. Во тој период беа забележани 18 победи, 14 ремија и 16 порази, а Македонија обезбеди и две бараж-средби за пласман на Светско првенство – еден од најзначајните успеси на националниот тим во последната деценија.






Од ФФМ упатија искрена благодарност до Милевски и неговиот стручен штаб за, како што наведуваат, посветената работа и постигнатите резултати. Од федерацијата истакнуваат дека му посакуваат многу здравје, среќа и успех понатаму – и во кариерата, и во животот.

Во федерацијата сметаат дека на репрезентацијата ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици, и очекуваат со новиот стручен тим да се внесе „нов ветер“ и поголема конкурентност на меѓународната сцена.

Одлуката за именување на нов селектор треба да биде донесена најдоцна до 25 декември 2025 година.

Поврзани содржини