КРАЈ НА ЕДНА ЕРА, ЛУКА СИ ЗАМИНУВА По 13 години во „белиот“ дрес, Модриќ го напушта Реал Мадрид

Освојувачот на „Златната топка“ одбележа повеќе од една декада во најголемиот клуб на светот, откако пристигна своевремено од Тотенхем, и стана еден од најголемите на сите времиња.

71

Реал Мадрид и официјално потврди дека Лука Модриќ по цели 13 години минати во клубот си заминува.

Освојувачот на „Златната топка“ одбележа повеќе од една декада во најголемиот клуб на светот, откако пристигна своевремено од Тотенхем, и стана еден од најголемите на сите времиња.






Сега веќе 39 годишниот ветеран реално не може повеќе да го издржи темпото на Реал Мадрид и амбициите кои што овој клуб ги има, а тоа секако е титула во сите можни натпреварувања.

„Драги мои навивачи на Реал Мадрид, дојде и тој момент. Момен кој мислев дека никогаш нема да дојде. Но таков е фудбалот, таков е животот. Се има почеток и крај. Во сабота ќе го одиграм последниот меч на стадионот Сантијаго бернабе. Пристигнав во 2012 година, со многу возбуда што ќе го носам дресот на Реал. Најдобриот клуб на светот. Со амбиција да направам големи нешта, а не ни сонував дека ќе дојдам до се што дојдов во овој дрес“, напиша Лука Модриќ на софијалните мрежи.

Поврзани содржини