КОЖУВЧАНКА СЕ ПРОДАВА И ВО ЛИМЕНКА ОД 330 МИЛИЛИТРИ Оваа амбалажа е еколошка и го задржува вкусот
Ова беше голем предизвик за компанијата и тимот, но како и секогаш, се стремиме да бидеме иновативни и за нашите потрошувачи да обезбедиме производ од највисоко ниво на светски стандарди – велат од компанијата.
Фабриката Кожувчанка од Кавадарци на пазарот ја пласира својата позната минерална вода Кожувчанка за прв пат во лимено пакување од 330 милилитри, соопшти компанијата.
„Со гордост ви ја претставуваме оваа прва и единствена на македонскиот пазар вода во лименка, сега како дел од фамилијата Кожувчанка. Вашата омилена газирана вода Кожувчанка сега и во 330mL, во лименка!
– Ова беше голем предизвик за компанијата и тимот, но како и секогаш, се стремиме да бидеме иновативни и за нашите потрошувачи да обезбедиме производ од највисоко ниво на светски стандарди, кој со гордост први го претставуваме кај нас на пазарот – изјавија од Кожувчанка, Кавадарци.
Кожувчанка, газирана вода во лименка е резултат на години на истражување и развој, со цел да ги задоволи потребите на потрошувачот и да се соочи со предизвиците на современиот начин на живот. Лименката е произведена со највисоки стандарди на квалитет и безбедност, што гарантира дека како и докажаната газирана вода Кожувчанка, ќе го добиете само најдоброто!
А, кои се дополнителните придобивки?
Лименката е добра за нашата животна средина. Ако барате поеколошки начин да останете хидрирани, водата пакувана во лименка е вистинскиот избор!
Лименката има за можност да се рециклира бесконечно, а тоа го прави овој производ енергетски ефикасен и долготраен. Секојпат кога пиете Кожувчанка од лименка, можете да бидете сигурни дека таа ќе се рециклира.
Исто, водата пакувана во лименка не само што е поодржлива поради рециклирањето на алуминиумската амбалажа, туку поради тоа што не содржи никакви штетни хемикалии, таа е и побезбедна за вашето здравје“ – се вели во соопштението на компанијата.