КОЖУВЧАНКА ЈА ЛАНСИРА ПРВАТА АПЛИКАЦИЈА Компанијата потсетува дека е важно да се остане хидриран
Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите, „Со здравје користење“, изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.
Компанијата Кожувчанка ја лансира својата прва апликација којашто, како што велат од компанијата, е потстетник да се остане хидриран во текот на целиот ден.
Кожувчанка вели дека „повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!“.
Од Маркетинг секторот на Кожувчанка порачуваат дека апликацијата треба да го подобри квалитетот на животот на корисниците.
„Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење”, изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.
Како работи апликацијата? Во соопштението е наведено следното:
„Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.
А, ова се нејзините основни карактеристики:
• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!
• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.
• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.
• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.
Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk“
Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска велат дека продолжуваат да инвестираат во иновации „кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност“.