КОЗЈО МЛЕКО – СТАР ЛЕК ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ Млекото од кози има бројни антивоспалителни и пробиотски својства

Козјото млеко има поголем процент на витамини А и Б од кравјото млеко. Покрај тоа, содржи многу повеќе калциум, магнезиум, фосфор и хлор. На неговиот квалитет влијаат повеќе фактори: расата, исхраната, начинот на одгледување, возраста на животното, фазата на доење, како и начинот на молзење.

430

Козјото млеко со векови е незаменлива состојка во човечката исхрана. Се претпоставува дека козјото млеко е и првото млеко кое се консумирало и од кое е направено првото сирење.

Дури и старите Грци тврделе дека сурутката од козјо млеко е лек за многу болести.






Денес, тестовите покажале дека козјото млеко има исклучителни антиинфламаторни својства. Тоа се должи и на фактот што козите се отпорни на многу болести поради силниот имунолошки систем.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини