КОВИД-ТЕСТОВИ ПО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ И КОРУПЦИЈА Што сѐ било набавувано во ковид-кризата во Македонија?
И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 отсто, пишува во извештајот. Купувани се и производи кои не се во врска со пандемијата, на пример, служебно возила со кожен волан, шест звучници и металик боја.
Ковид-тестови набавени и по четири пати повисоки цени од пазарните, корупција во набавката на заштитни маски, реагенси, нетранспарентни постапки за преговање без да бидат објавени огласи и судир на интереси пронајде Центарот за граѓански комуникации во својот нов Извештај за јавни набавки за заштита од ковид-19.
„И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 отсто“, пишува во извештајот.
Во еден од случаите, една институција набавилa тест за 118 денари, за друга да го набави истиот за 420 денари. Во делот кај маските од предвидени 2.360.000 денари, постигната е цена за само 127.558 денари. Ова се само дел од недоследностите.
Купувани се и производи кои не се во врска со пандемијата, на пример, служебно возила со кожен волан, шест звучници и металик боја.
Извештајот е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за набавка на стоки и услуги за заштита од ковид-19. Опфатените постапки изнесуваат 52 отсто од сите тендери за време на мониторингот, вкупно 77 тендери.
„Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 проценти од вкупната вредност на тендерите кои изнесуваат 4,1 милиони евра“, наведува Центарот.