Монтажната чекална има греење, а од понеделник ќе се постави и домофон за да бидат повикувани по број. Директорот на „8-ми Септември“, д-р Костов вели дека ова се прави бидејки се прават гужви, а температурите постојано паѓаат, јавува Сител.
Дневно се примаат во просек по околу 200 пациенти, на моменти се случува да има и по 50-60 во исто време.
Можно е да се постави уште еден шатор веднаш до другиот каде здравствените работници ќе земаат брисеви од суспектни на вирусот ковид-19.