Ковид-кластер во затворот во Штип, позитивен и Митко Чавков
Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков и уште четири осудени лица, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на ковид-19. Од затворот потврдуваат дека заразени се и тројца вработени, пренесува порталот ММС.
– -Кај двајца затвореници во вторникот беше потвден ковид, а вчера кај уште тројца. Сите се во добра здравствена состојба. Тројца од нив вчера беа однесени во Инфективното одделение во Клиничката болница кај инфектолог, каде им беа направени лабораториски тестви и им беа снимени белите дробови. Затворскиот доктор постојано им ја следи состојбата – изјави Мики Тодоров, директор на штипскиот затвор.
Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.
Вчера во затворот се тестирале уште дваесетина затвореници и вработени, за да се открие дали кластерот се шири.