КОВИД-ЦУНАМИ ЈА ЗАФАТИ СЛОВЕНИЈА Само денеска се регистрирани над 8.600 новозаразени
Минатата недела во Словенија се потврдени речиси 45.000 нови зарази, далеку повеќе од почетокот на пандемијата и околу 19.000 случаи повеќе отколку една недела претходно.
Во Словенија денеска е потврден рекорден број на новозаразени со коронавирус. Од 13.803 направени тестови за детектирање на ковид-19, позитивни на вирусот биле 8.681 лица.
Ова претставува нов црн рекорд за оваа земја од самиот почеток на пандемијата, а словенечката влада сега повторно ги менува правилата за карантинот со цел да се ублажи состојбата во главните дејности во коишто е поголем бројот на изолациите поради ризичните контакти.
Како што истакна словенечкиот премиер Јанез Јанша, нови правила ќе важат за патниците, а ќе биде скратена и домашната изолација од десет на седум дена.
– Можно е да излеземе од овој бран без нови драстични мерки и без ограничувања, но тоа може да се случи само доколку сите се придржуваат до мерките што сега се на сила. Исто така, потребно е да се зголеми опфатот со вакцинација на вкупното население – истакна Јанша.
Минатата недела во Словенија се потврдени речиси 45.000 нови зарази, далеку повеќе од почетокот на пандемијата и околу 19.000 случаи повеќе отколку една недела претходно.
Како што пренесуваат медиумите, проекциите навестуваат дека пикот на овој бран поттикнат од омикрон варијантата на вирусот ќе биде достигнат кон крајот на јануари или почетокот на февруари, а дека потоа ќе следува и пикот на бранот во врска на бројот на хоспитализираните кои моментално не го достигнал критичното ниво.