Ковид центрите се празнат: Моментално во нив се лекуваат 1.068 болни
Според информацијата на Министерството за здравство, се зголемува бројот на празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.