КОВИД ЦЕНТРИТЕ РАБОТАТ ПО ЗАКОН Инспекторите не нашле неправилности при вонередниот надзор
Надзор е извршен во 18 модуларни болници кои се наоѓаат во Скопје , Штип, Кочани, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Битола, Ресен, Гевгелија, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес, Кичево и во Дебар.
Нема недостатоци во работењето на модуларните болници во земјава, тврди Државниот здравствен и санитарен инспекторат откако го заврши вонредниот инспекциски надзор.
Ваква информација, како што информираа од Министерството за здравство, Инспекторатот доставил и до Министерството и до министерот Венко Филипче.
Надзор е извршен во 18 модуларни болници кои се наоѓаат во Скопје , Штип, Кочани, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Битола, Ресен, Гевгелија, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес, Кичево и во Дебар.
Во информацијата се наведува дека во модуларни болници во кои има хоспитализирано болни од ковид-19 се почитуваат сите протоколи и не се најдени надворешни лица.
„Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега.За одржување на хигиената се грижат хигиеничари.Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано ковид 19“, се наведува во информацијата.
Инспекторите утврдиле и дека во модуларните болници во Битола , Гостивар и Кочани немаат хоспитализирани пациенти.
„Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт. Во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно идделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира. модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница , но нема лежечки пациенти, додека модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа“, се наведува во информацијата.
Вонредниот надзор инспекциски надсзор се состоел од :
- опис на модуларната болница :капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории , монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница
- санитарно хигиенска состојба на објектот;
- увид потврда за извршенма ДДД од овластена установа;
- увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот;
- увид во делот дали и колку од од персоналот се комплетно вакцинирани
- начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад;
- број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)
- дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница;
- дали се почитува забраната за посета на надворешни лица. Доколку се затекне било кое лице кое е во посета, задолжитежно да се евидентира во записник;
- увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.