КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО Е ИЗГРАДЕН СПОРЕД СИТЕ СТАНДАРДИ Експертите и истрагата ќе ги утврдат причините за несреќата

Министерството за здравство ќе ги стави сите документи поврзани со изградбата и техкичкиот прием на ковид центарот на увид на јавноста уште денеска.

386

Министерството за здравство информира дека сите 19 модуларни ковид болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди.Тоа важи и за тетовската модуларна болница која е градена според стандарди и е пуштена во работа по извршен технички прием.

Информацијата  на Министерството за здравство дојде откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово,






– Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени по технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани.  Министерството за здравство  информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита – велат од МЗ.

Оттаму додаваат дека пред да биде пуштена во употреба во болницата е  извршен технички прием.

– При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците сл. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти – велат од МЗ.

Документи, додаваат од Министерството за здравство ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска.

Министерството тврди и дека ковид центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи.

Оттаму и со апел да не се шпекулира со информациите.

– Министерството за здравсто очекува експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот за оваа страотна несреќа. Сите аспекти на случајот да бидат предмет на темелна и брза истрага и секако одговорност доколку истрагата го покаже тоа. Самите модуларни ковид центри беа и сѐ уште се клучни во справување со пандемијата и хоспитализацијата на пациенти. Истите се градени по највисоки стандарди, а набавката која министерството за здравство ја правеше е согласно стандардите за ваквите болници кои се користат во многу земји во светот – велат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини