КОВИД-БРОЈКИТЕ НЕ СЕ СПУШТААТ 336 новозаболени, 17 починати во последните 24 часа
Новите 336 заболени граѓани се регистрирани од 3.425 тестирања во изминатиот ден, што значи, дека приближно секој десетти човек кој се тестирал бил позититен на ковид-19.
Последните 24 часа во Македонија се обележани со нови 336 заболени од коронавирусот, а 17 починати, јавуваат од Министерството за здравствто. Најголем дел од нив, 169, се во Скопје, по 21 новозаболен има во Велес и Струмица, а Куманово со 17 нови случаи. Скопје и Куманово се на врвот на списокот на починати со по 5 случаи, две лица починале во Охрид и по едно во Штип, Велес, Ресен, Радовиш и Валандово.
Новите 336 заболени граѓани се регистрирани од 3.425 тестирања во изминатиот ден, што значи, дека приближно секој десетти човек кој се тестирал бил позититен на ковид-19.
Добрата вест е дека оздравеле 222 пациенти во земјата, а со вирусот во моментов се борат 12.337 граѓани, од кои 5.735 се во Скопје.