КОВИД БРОЈКИТЕ НЕ МРДААТ НИ НАГОРЕ НИ НАДОЛЕ 434 нови заразени, 19 починати

513

Во последните 24 часа, регистрирани се 434 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.026 тестирања.

Има вкупно 19 починати, 12 во изминатото деноноќие и 7 преку системот „Мој термин“, како и 421 оздравен пациент, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци на Институтот за јавно здравје.






Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.

Поврзани содржини