„КОВИД 22“ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СУПЕР-СОЈ НА КОРОНА Нѐ очекува нова мега-пандемија, вели швајцарски научник
Според овој научник, „ковид 22“ може да биде полош од сè што светот видел досега во борбата против коронавирусот. Нè очекуваат тешка есен и зима следната година, кои веројатно ќе бидат слични како есента и зимата кои ги имавме лани, кога првпат излезе короната, во 2020 година.
Нов супер-вирус наречен „ковид 22“ кој ќе биде мутација на сегашните делта, бета и гама соеви ќе го погоди човештвото следната 2022 година, предупредува швајцарскиот научник Саи Реди за весникот „Блик“. Вирусот за кој треба да се подготвиме што порано, според него, ќе настапи на сцената за шест месеци од сега, пренесува МИА.
Нè очекуваат тешка есен и зима следната година, кои веројатно ќе бидат слични како есента и зимата кои ги имавме лани, кога првпат излезе короната, во 2020 година.
– Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година – рече Реди.
Според овој научник, „ковид 22“ може да биде полош од сè што светот видел досега во борбата против коронавирусот.
– Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се приспособат на тоа – недвосмислен е Реди.