Ковид-19 во Кина не е ист како во САД, вирусот во Европа е различен од тој во Австралија
Тип А сега може да се најде во Австралија и во САД, а дури две третини од примероците во Америка покажале дека станува збор за тип А, но само кај случаите на Западниот брег, а не и кај случаите во Њујорк.
Истражувачите ја мапирале генетската историја на коронавирусот од декември минатата година до март годинава и утврдиле дека се работи за три различни, но меѓусебно поврзани „гранки“ на вирусот, објави „Daily Mail“.
Анализата покажала дека тип А е оригиналниот вид кој од панголините преминал на луѓето, но токму овој вид не е најзастапен во Кина. Како што наведуваат истражувачите, Кина е погодена главно од тип Б, кој бил во циркулација на крајот од 2019 година.
Тип А сега може да се најде во Австралија и во САД, а дури две третини од примероците во Америка покажале дека станува збор за тип А, но само кај случаите на Западниот брег, а не и кај случаите во Њујорк.
Доктор Питер Форстер утврдил дека во Велика Британија напаѓа тип Б на коронавирусот, со две третини потврдени случаи. Истиот тој вид, додава тој, доминира и во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и во Холандија.
Но, според тврдењата на научниците, постои и тип Ц, кој претставува варијација од тип Б и кој во Европа се проширил од Сингапур.
Научниците сметаат дека новиот коронавирус константно мутира со цел да го победи имуниот систем на луѓето ширум светот. Тоа што е најинтересно е дека оригиналниот тип А се проширил на во САД, а дека воопшто не е доминантен во Кина, иако токму оваа земја се смета за епицентар на заразата.
Како што посочуваат истражувачите, иако двата типови постоеле до јануари кога во САД беше потврден првиот заразен случај, сепак тоа не значи дека вирусот не пристигнал во оваа држава претходно и дека не бил детектиран.
Ова истражување предизвикало и големи критики, бидејќи биле анализирани примероци од само 200 пациенти, вклучувајќи ги и првите случаи во Европа и во САД.
Еден од методите кои ги користеле научниците од Кембриџ за да го утврдат движењето на коронавирусот, било следењето на праисториската миграција. Во меѓувреме, во своето истражување научниците додале повеќе од 1.000 примероци за да се стекне поширока слика, но резултатите сè уште не се објавени.
Доктор Форстер смета дека тип А мутирал во тип Б во Кина, но дека тип Ц како предгрупа на тип Б, се создал надвор од Кина.
– Засега не е јасно како тип Б успеал да го потисне оригиналниот тип А. Тој бавно мутира во Кина, но многу побрзо во другите земји, обидувајќи се да се адаптира на новите домаќини. Според одредени теории, вирусот кружел низ Кина уште во септември минатата година. Секако, нашето истражување беше направено на малку примероци, но ние можевме да докажеме дека тип А е најблиску до она што беше пронајдено кај панголините – истакнал Форстер.