Ковид-19 влезе во Владата на Србија: Заразен е генералниот секретар на Министерството за животна средина
Како што е наведено, Блажиќ е од градот Кикинда, кој во моментов е еден од жариштата на епидемијата со Ковид-19 во Србија.
Државниот секретар од српското Министерство за животна средина, Бранислав Блажиќ, е позитивен на коронавирусот, објавија српските медиуми.
Како што е наведено, Блажиќ е од градот Кикинда, кој во моментов е еден од жариштата на епидемијата со Ковид-19 во Србија.
Сите вработени во Министерството за животна средина кои биле во контакт со Блажиќ веќе се испратени во изолација, а министерот Горан Триван само телефонски контактирал со генералниот секретар и со сите други луѓе со кои Блажиќ контактирал во изминатиов период.
Бранислав Блажиќ во моментов е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград.