Ковид-19 влезе во Стејт департментот

Имаме само неколку вработени, можат да се избројат на прстите на една рака, кои се позитивни на коронавирусот, посочи Помпео.

307

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека само неколкумина претставници на Стејт департментот ширум светот се позитивни на новиот коронавирус.

– Имаме само неколку вработени, можат да се избројат на прстите на една рака, кои се позитивни на коронавирусот – посочи Помпео.

Но тој не прецизира колкав е нивниот број, каде се наоѓаат и дали се вратени во САД.

Помпео истакна и дека Стејт департментот веќе ги ограничил патувањата на американските дипломати.

– Ќе продолжиме да се грижиме за нашиот тим, ќе дејствуваме во согласност со насоките од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и на професионалнте лекари, кои работат во Стејт департментот – изјави Помпео.

Поврзани содржини