Ковид-19 се шири во англиската Премиерлига
Натпреварот меѓу Евертон и Манчестер сити, што требаше да се игра во понеделникот, беше откажан поради неколкумина позитивни фудбалери на коронавирус во редовите на Сити.
Вкупно 18 фудбалери во Премиерлигата се позитивни на коронавирус, покажуваат резултатите од најновите тестирања извршени во периодот од 21 до 27 декември.
Раководството на Премиерлигата соопшти денеска вкупно биле тестирани 1.479 фудбалери и оти сите 18 заразени со ковид-19 се во изолација.
Натпреварот меѓу Евертон и Манчестер сити, што требаше да се игра во понеделникот, беше откажан поради неколкумина позитивни фудбалери на коронавирус во редовите на Сити.
Тоа е втор натпревар сезонава одложен поради коронавирус по мечот на почетокот од овој месец меѓу Астон Вила и Њукасл.