Ковид-19 пронајден во машка сперма
Тим во општинската болница во Шангај тестираше 38 машки пациенти кои биле заболени од ковид-19 во јануари и февруари.
Новиот коронавирус може да опстојува во спермата на мажите дури и откако ќе започнат да се опоравува. Ова откритие ја зголемува можноста вирусот да може сексуално да се пренесе, соопштија кинеските истражувачи во четвртокот, пренесe „CNN“.
Тим во општинската болница во Шангај тестираше 38 машки пациенти кои биле заболени од ковид-19 во јануари и февруари.
Една четвртина од нив биле во акутна фаза на инфекција, а 9 отсто од нив биле во фаза на закрепнување.
Ова не е изненадувачко откритие, забележуваат кинеските научници, затоа што многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Ебола и Зика беа пронајдени во спермата на пациентите неколку месеци по закрепнувањето.
Сè уште не е јасно дали коронавирусот може да се шири преку сексуален однос и потребни се понатамошни студии за да се утврди ова.