Ковид-19 предизвикува ненадејни мозочни удари кај лица на 30 и 40 години
Постојат сè поголеми докази дека инфекцијата ковид-19 може да предизвика згрутчување на крвта на необични начини, а мозочниот удар би била очекувана последица од тоа.
Новиот коронавирус се чини дека предизвикува ненадејни мозочни удари кај лица на свои 30 и 40 години, кои инаку не се многу болни, известија лекарите, пренесува „CNN“.
Тие рекоа дека пациентите можеби не сакаат да се јават на брза помош, затоа што слушнале дека болниците се презаситени од случаи со коронавирус.
Постојат сè поголеми докази дека инфекцијата ковид-19 може да предизвика згрутчување на крвта на необични начини, а мозочниот удар би била очекувана последица од тоа.
Д-р Томас Оксли, неврохирург во „Mount Sinai Health System“ во Њујорк и неговите колеги дадоа детали за пет лица кои ги лекуваат. Сите беа на возраст под 50 години и сите имаа или благи симптоми на инфекција ковид-19 или воопшто немале никакви симптоми.
– Вирусот се чини дека предизвикува зголемено згрутчување во големите артерии, што доведува до сериозен удар – рече Оксли за „CNN“.
– Нашиот извештај покажува седумкратно зголемување на инциденцата на ненадеен мозочен удар кај млади пациенти во текот на изминатите две недели. Повеќето од овие пациенти во минатото немаат медицинска историја и биле дома или со благи симптоми (или во два случаи без симптоми) на ковид-19 – додаде тој.
– Сите беа позитивни. Двајца од нив одложија да повикаат брза помош – вели Оксли.
Други лекари исто така објавија дека луѓето не сакаат да се јават на брза помош или да одат во просториите за итни случаи поради пандемијата.
Не е вообичаено за луѓето толку млади да имаат мозочни удари, особено удари во големите крвни садови во мозокот.
– За споредба, нашата услуга, во текот на претходните 12 месеци, третираше во просек 0,73 пациенти на секои 2 недели на возраст над 50 години со голем мозочен удар – напиша тимот во писмото што треба да се објави во „New England Journal of Medicine“. Тоа е помалку од две лица месечно. А мозочен удар во голем крвен сад предизвикува сериозно оштетување ако не се отстрани веднаш. Најмалку еден пациент починал, а други се во установи за рехабилитација, интензивна нега или во одделот за мозочен удар. Само еден е пуштен дома, но ќе биде потребна интензивна нега – рече Оксли.
– Просечно лице кое има голем мозочен удар има сериозно нарушување. Тоа значи дека е поголемо згрутчувањето, а ја вклучува една од најголемите артерии во мозокот – додава докторот.
Мозочните ќелии умираат кога е запрен протокот на крв и колку подолго е блокиран, толку е пошироко оштетувањето во мозокот. Брзиот третман е од витално значење.
– Најефективниот третман за мозочен удар на големите садови е пронаоѓањето на тромбот, но тоа мора да се изврши во рок од 6 часа, а понекогаш и во рок од 24 часа – рече Оксли.
Оксли рече дека неговиот тим сакал да им каже на луѓето да внимаваат на симптомите на инфекцијата со коронавирусот и да се јават на брза помош ако имаат симптоми за мозочен удар.
– До сега им беше советувано на луѓето да повикаат брза помош при останување без здив или висока температура – напиша тој.
Лесното препознавање на симптомите за мозочен удар, според него, е „FAST“: „F“ за опаѓање на лицето, „A“ за слабост на рацете, „S“ за тешкотии во говорот и „T“ дека е време да се јавите на брза помош.