Ковид-19 одложи пет натпревари во НБА

Кошаркарите на Сан Антонио се во изолација во Шарлот по меѓусебниот натпревар што беше одигран во неделата, јави американската телевизија ЕСПН.

272

Одложени се следните три натпревари на екипата на Сан Антонио, во чиј редови има четворица кошаркари заразени со коронавирус, како и претстојните два дуели на тимот на Шарлот Хорнетс, соопшти денеска раководството на НБА лигата.

Кошаркарите на Сан Антонио се во изолација во Шарлот по меѓусебниот натпревар што беше одигран во неделата, јави американската телевизија ЕСПН.






Во редовите на Шарлот, засега, нема потврдени позитивни случаи на Ковид-19, но поради близок контакт со заразени кошаркари од Сан Антонио, и Хорнетс принудно ќе паузира.

Одложените натпревари на Сан Антонио се сите на гостински терен, против Кливленд (среда), Њујорк (сабота) и Индијана (понеделник), а следниот натпревар „Спарси“ би можеле да го одиграат на 24 февруари кога, според распоредот, треба да гостуваат во Оклахома.

Шарлот повторно би можел да се врати на теренот в сабота против Голден Стејт, откако нивните натпревари на домашен терен против Чикаго (среда) и Денвер (петок) се одложени.

Од почетокот на сезоната во НБА лигата. досега се одложени веќе 29 натпревари поради коронавирус.

Поврзани содржини