Ковид-19 може да биде поврзан со ретка, но сериозна болест кај децата

Тие предупредуваат дека има зголемување на бројот на деца од сите возрасти со мултисистемска воспалителна состојба за која е потребна интензивна нега.

2,246

Лекарите од Велика Британија итно биле предупредувани дека има зголемување на бројот на деца со сериозни симптоми слични на ковид-19.

Докторите од општа пракса се предупредуваат дека во последните три недели, мали деца се повеќе се разболеле со симптоми слични на коронавирус во Велика Британија, но ковид-19 сè уште ретко ги погодува децата.






Првичното предупредување беше издадено на лекарите во северниот дел на Лондон, а подоцна беше потврдено и од Педијатриското друштвото за интензивна нега, кое во неделата итно ги предупреди сите лекари, пренесува „CNN“.

Тие предупредуваат дека има зголемување на бројот на деца од сите возрасти со мултисистемска воспалителна состојба за која е потребна интензивна нега.

Професорот Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба на Англија, рече дека проблемот се третира како итен, но премногу е рано за да се воспостави врска со коронавирусот.

Тој предупреди дека болеста е „многу, многу ретка“.

Гувернерот Крис Вит, главен медицински советник, рече дека постои можност ковид-19 и тешкото заболување кај децата да бидат поврзани.

Од здружението за педијатри исто така велат дека родителите треба да бидат свесни дека „сериозно заболување со ковид-19 сè уште е многу ретка кај децата“.

Националната здравствена служба ги предупреди лекарите дека имало „мало зголемување“ на бројот на деца со синдром на токсичен шок или атипични симптоми на заболувањето „Кавасаки“, придружено со болки во стомакот, гастроинтестинални симптоми и воспаление на срцето.

Случаите што ги видоа, исто така, имаа „крвни параметри во согласност со тешки инфекции на вирусот ковид-19.

Некои деца кои ги имаат овие симптоми имаат позитивно тест на ковид-19, некои претходно го имале вирусот, а некои не.

Расте загриженоста дека воспалителниот синдром поврзан со коронавирусот се појавил кај деца во Велика Британија или дека може да има друг, досега неидентификуван, заразен патоген поврзан со овие случаи – велат од Друштвото.

Поврзани содржини