Ковид-19 го зголемува ризикот од мозочен удар кај хоспитализираните лица

Биле проучени скоро 42.000 пациенти кои пристигнале во 458 болници со исхемичен мозочен удар, предизвикан од блокада на артериите кои го снабдуваат мозокот со крв.

710

Коронавирусот го зголемува ризикот од смрт во болница кај луѓето хоспитализирани од мозочен удар, покажа новото американско истражување.

Пациентите со ковид-19 имаат поголема веројатност да имаат сериозен мозочен удар, како и нов мозочен удар за време на хоспитализација, објавија истражувачите во списанието „Stroke“.






Тие проучувале скоро 42.000 пациенти кои пристигнале во 458 болници со исхемичен мозочен удар, предизвикан од блокада на артериите кои го снабдуваат мозокот со крв.

Околу три проценти од овие пациенти биле позитивни на ковид-19.

Во просек, тие пристигнаат во болницата толку брзо како и пациентите кои не се заболени од ковид-19.

– Веројатно заради потребата од употреба на опрема за лична заштита и други превентивни мерки, спроведени од вработените во болницата, им требаше повеќе време на пациентите со ковид-19 да добијат терапија за „кршење“ на тромб – вели коавторот на студијата др. Грег Фонароу од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Студијата не може да докаже дека доцнењата во терапијата предизвикала лош исход кај пациентите со ковид-19.

Но, Фонароу вели дека откритијата сугерираат дека има потреба од натамошно зајакнување на протоколот за лица погодени од мозочен удар за да се обезбеди навремена дијагноза и навремен третман на лица со исхемичен мозочен удар, истовремено заштитувајќи го здравствениот персонал од изложеност на коронавирусот.

Поврзани содржини