Дали да се чуваш од пандемијата или да се пазиш од сопругата?!

Вкупниот број на новоевидентирани мажи жртви на семејно насилство за период јануари-септември 2020 година изнесува 192.

619

Ограничувањата на движењето, карантинот и полицискиот час, помогнаа да се забави ширењето на ковид-19, но и придонесоа за влошување на положбата на многу мажи, кои се жртви на семејно насилство.

Од Министерството за труд и социјална политика за Плусинфо велат дека вкупниот број на новоевидентирани мажи жртви на семејно насилство за период јануари-септември 2020 година изнесува 192 мажи кои се жртви на семејно насилство.






– По однос на статистичките податоци за новоевидентирани случаи на семејно насилство, Министерството за труд и социјална политика информира дека прибира збирни статистички податоци на квартално ниво од 30 центри за социјална работа на територијата на Република Северна Македонија. За да се даде соодветна анализа на податоците се прави споредба кварталните податоци од 2019 и 2020 година. Од направената анализа на податоци за периодот јануари – септември 2019 и 2020 година, процентот на зголемување на на бројот на жртвите на семејно насилство во 2020 година е за 0,9% споредбено со истиот период од 2019 година – велат од МТСП за Плусинфо.

Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, мерките за заштита за сите жртви на семејно насилство кои ги презема Центарот за социјална работа како првостепен орган за постапување.

– Како за жените, така и за мажите се обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман. Потоа се упатуваат во соодветно советувалиште, а исто така обезбедува соодветна здравствена заштита. Во сите случаи се известува органот за прогон, но и се дава секаков вид  на правна помош и застапување. Исто така се покренува постапка до надлежен суд, а по потреба поднесува барање до суд за изрекување на привремени мерки за заштита. Министерството презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот, а кога постои отворена опасност и закана за животот и здравјето на жртвата се обезбедува нужно сместување – ни посочија од министерството.

Според статистиката на МВР, во првото полугодие од 2020 година извршени се 435 кривични дела, за кои се пријавени 450 сторители. Висок процент од сторителите 91,3 отсто се мажи кои вршат насилство врз нивните сопруги и родители. Во однос на начинот на извршување на делата, во 341 случај сторителите употребиле физичка сила врз жртвите, нанесувајќи им телесни повреди, 32 случаи се извршени со ладно оружје, а три со употреба на огнено оружје.

Поврзани содржини